Објектите на ГЛИЦ-ДООЕЛ имаат современ архитектонски израз,проектирани според најновите Европски стандарди за изграба и домување,кои гарантираат безбеден и пријатен престој во еден објект..
- Квалитетен,сигурен,асеизмички ,армирано бетонски конструктивен систем.Минимална марка на бетон МБ 30 и над МБ 40
- Темелна плоча од 95 см
- Фасадна цигла и термичка демит фасада со 8 см графитен стиропор(25 кг/м3)блок тула 20 см,коефициент на топлопроводливост Umax<0.4, според најновите прописи за енергетски ефикасни објекти.Завршниот слој на фасадата –водонепропусен пластичлен малтер-абрил,со современ естетски третман
- Преградни ѕидови помеѓу станови и стан/ходник – сендвич ѕидови 27 см(2×12 см тула+изолација 3 см тврдопресован тервол),преградни ѕидови блок тула 12 см,двострано малтерисани,глетовани и боено бело со дисперзни бои
- Фасадна столарија – петкоморен ПВЦ профил со три дихтунга и термопан со четирисезонско стакло
- Влезови-електричен пристап за влез со шифра и картичка,видеофонија,просторија за домар,противпожарен систем,хидраулични лифтови со инокси и автоматски лизгачки врати од 640 кг за 8 лица
- Влезен хол-мермер и гранит,хоризонтални и вертикални комуникации комплетно третирани со керамика
- Ходници-осветлени со автоматско светло на сензор
- Блиндор сигурносни влезни стански врати,собни врати медијапан
- Паркет полупарена дабова 350/50/22 мм
- Керамика,санитарија и чешми со сертификати и гаранција,со модерен современ дизајн
- Оптички интернет и инсталација за кабловска
- Огради на балкон – INOX метал со висок сјај
- Паркинг места на две нивоа под зградата со широка пристапна рампа со автоматска влезна врата со далечински управувач,подот во гаражата е направен од мазна бетонска подлога со кварц